Поранешниот хрватски репрезентативец Горан Шперм, смета дека Веселин Вујовиќ не би бил добро решение за селектор на националниот тим. 41-годишникот нема високо мислење за тренерските квалитети на поранешниот предводник на Вардар.
„Вујовиќ беше најдобар играч во светот, за тоа секоја чест. Меѓутоа не би сакал да разговарам за неговите тренерски квалитети. Мое мислење е дека тој е маргинална личност во хрватскиот ракомет, иако имаше разни улоги. Не ги заслужи тие улоги, мислам дека неговите тренерски квалитети се еднакви на нула“, рекол Шпрем.
Тој од хрватските тренери ги истакнал актуелниот селектор Лино Червар и тренерот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ.
Вујовиќ во кариерата бил селектор на Југославија, Србија и Црна Гора, Македонија и Словенија. Со Словенија има бронзен медал од СП во 2017 година, а со селекцијата на Црна Гора до 19 години бил светски првак во 2005 година.