Италијанската тенисерка, Камила Џорџи, стана Инстаграм сензација, откако својата честитка за божиќните празници ја испрати во вид на „жешка“ фотографија во долна облека на социјалните мрежи.
„Честит Божиќ“, напиша 28-годишната тенисерка на своите 280.000 следбеници на Инстаграм, добивајќи еден куп пофални коментари.
Џорџи, која е 78-рангирана тенисерка на светот, последниот меч во 2020 го одигра во Линц во средината на ноември, губејќи од Надја Подороска, додека најдобар резултат во 2020 и беше полуфиналето на домашен терен во Палермо. Џорџи во кариерата нема освоено ниту една ВТА титула, а најголем успех и е четврт-финалето на Вимблдон во 2018 година, но затоа на социјалните мрежи е вистински хит.