Во Словенија регистрирани се 614 новозаразени со коронавирус и 25 смртни случаи, објави словенечката влада, а вакцинирањето започна денеска во 53 домови за стари лица.
Според новите податоци на Министерството за здравство, во Словенија моментално има 18.666 активни случаи на зараза, а просечниот број на дневни случаи во последните седум дена е 1.308.
Во моментот има 1.165 лица во болниците, од кои 208 се сериозно болни пациенти на одделенијата за интензивна нега.
Вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 2.532 лица.