Во Бразил за 24 часа над 55.000 новoзаразени со коронавирус

пред 3 години

Во Бразил се пријавени повеќе од 55.000 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек, уште 1.167 луѓе починаа како резултат на зараза со коронавирусот, наведува „Ројтерс“.

Министерот Рикардо Салес е позитивен на Ковид-19, објави Министерството за животна средина и тој е петнаесетти член на администрацијата на претседателот Жаир Болсонаро на кој му е дијагностициран коронавирус, пишува „Гардијан“.
Салес има благи симптоми на болеста, добро се чувствува и лекарите засега му препорачаа да се одмора во самоизолација.

Вкупно 9,9 милиони луѓе биле заразени во Бразил, а 240.940 починале.

Share
Scroll to Top