СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

пред 2 години

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите, Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати лица.

Најголем број заразени со Ковид-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани 3.933.319 случаи.

Најголем број потврдени случаи има во САД – речиси 68,2 милиони. Следна е Индија со 38,6 милиони случаи, потоа Бразил со 23,4 милиони, Британија со 15,6 милиони и Франција со 15,2 милиони.

Share
Scroll to Top