Нуклеарниот куфер е покрај Путин дури и кога тој се одмара во тајгата

пред 3 години

Рускиот претседател секогаш ги има крај себе неопходните средства за комуникација, вклучително и стратешките, каде и да се наоѓа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој пред новинарите одговори на прашањето дали Путин го носел со себе т.н. нуклеарен куфер за време на неговиот престој во руската тајга, каде што изминатиот викенд престојуваше со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

„Па како поинаку? Секако дека тоа го понел со себе“, рече Песков.

Нуклеарен куфер е уред кој го поседуваат врховните команданти на светските сили, а кој служи за итна активација на нуклеарното оружје, односно за дозвола за лансирање на ракетите.

Путин викендот го мина во Сибир, а фотографиите и снимките од неговата посета покажуваат дека тој возел теренско возило низ густата шума.

Исто така со министерот Шојгу имале и заеднички прошетки низ длабокиот снег.

Share
Scroll to Top