Зеленски: Нема причина за страв, границите на земјата се сигурни

пред 2 години

Немате причина за непроспиена ноќ. Со овие зборови, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, им се обрати на граѓаните за состојбата во земјата.

Во видео-обраќањето што го објави на својот Инстаграм профил, тој исто така рече дека границите на земјата се сигурно заштитени и дека партнерите ја поддржуваат Украина.

Претседателот на Украина рече и дека одлуката на Русија да ја признае независноста на републиките во Донбас значи кршење на суверенитетот и интегритетот на Украина и еднострано напуштање на договорите од Минск.

„ Последните потези на Русија за Украина недвосмислено значат повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја. Целата одговорност за последиците од споменатите одлуки е на политичкото раководство на Русија“, рече тој во своето обраќање до нацијата.

Зеленски посочи дека Киев иницирал вонреден состанок на нормандската четворка (Русија, Украина, Франција, Германија).

„ Киев е посветен на политичко-дипломатско решение на проблемот и нема да подлегне на провокации, туку го задржува правото на индивидуална и колективна одбрана“ рече украинскиот претседател.

Тој додаде и дека руските власти со овие одлуки ги легализираат своите сили, кои се наоѓаат во Донбас од 2014 година.

„ Никому ништо не должиме и никому ништо нема да предадеме“, прача Зеленски.

Share
Scroll to Top