Шолц: Иритирачко е одбивањето на Киев да го посети претседателот на Германија

пред 2 години

„Претседателот би сакал да оди во Украина и да го посети претседателот Володимир Зеленски“, изјави Шолц за јавното радио РББ, пренесува Ројтерс.

Германскиот канцелар рече дека би било добро Зеленски да го прими Штајнмаер, а дека, како што рече, „малку иритира“ тоа што не го примија.

Запрашан дали тој самиот планира посета на Киев, Шолц рече дека е во поредовен контакт со Зеленски од речиси кој било друг западен политичар.

Штајнмаер вчера изјави дека планира да го посети Киев со својот полски колега и со претседателите на Естонија, Литванија и Летонија „со цел да испрати силен знак на европска солидарност со Украина, но дека тие не го сакаат тоа во Киев“.

Германскиот весник „Билд“ објави дека Зеленски ја одбил посетата на Штајнмаер поради неговите блиски односи со Русија во последните години и долгорочната поддршка за проектот за гасоводот „Северен тек 2“.

Share
Scroll to Top