Турција го осуди нападот во Ница

пред 4 години

Турција остро го осуди нападот што се случи денеска во црквата Нотр Дам во францускиот град Ница.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Турција чувствува солидарност со францускиот народ против насилството и тероризмот, пренесува „Ројтерс“.

Во Франција, три лица загинаа во терористички напад во Ница денес, од кои едното беше обезглавено, додека во посебен инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој им се заканувал на минувачите во Авињон.

Share
Scroll to Top