(Во живо) Четврти ден од руската инвазија на Украина, руските сили навлезени во Харков, силни експлозии во Киев

пред 2 години

Четврти ден од руската инвазија на Украина.

Во текот на ноќта почнаа нови жестоки напади во околината на Киев. Најжестоките борби се водеа во градот Василков, на околу 30 километри јужно од Киев. Во градот е погодено големо складиште за нафта, додека во Харков е погоден гасовод, јавуваат украинските медиуми.

Западните земји воведоа нови санкции кон Русија. Некои банки се исклучени од „SWIFT“, глобалниот платен систем. Тие најавија дека ќе го парализираат и имотот на руската централна банка, а на руските олигарси ќе им биде забрането да користат финансиски средства на европските пазари.

Русите со проектили го нападнаа Киев, а за главниот град на Украина се води жестока битка.

Русите влегоа во два града, Харков, кој е втор по големина по Киев и Новаја Кахкова, јавуваат агенциите.

Членките на НАТО одлучија да испратат повеќе војници во сојузничките земји во Источна Европа.

Голем број европски земји го затворија својот воздушен сообраќај за руските авиони.

НАЈНОВИ НАСТАНИ

09: 35 Москва: Уништени 975 украински воени објекти, украинските националисти нападнале училиште, има жртви

Руските вооружени сили уништија 975 објекти на украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
Тој тврди дека биле соборени 26 авиони, пренесе ТАС С.

09:30 Трамп: Путин е паметен, ги надмудри сите, нашите лидери се глупави

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, наведувајќи дека бил во право кога неодамна рекол дека Путин е паметен затоа што ги надмудрил светските лидери, пренесе Ројтерс.

08:00 Руските сили навлегоа во Харков, силни експлозии во Киев

Во текот на ноќта Киев беше нападнат од руската војска и ракети, а во градот се огласија и сирени. Беа погодени и други украински градови меѓу нив и Харков

Share
Scroll to Top