Во Чешка стапи на должност новата влада

пред 2 години

Новата чешка влада на десниот центар, предводена од премиерот Петр Фијала, денеска ја презеде функцијата, во време кога земјата се соочува со силен скок на инфлација и трошоци за енергија, рекорден буџетски дефицит и пандемија на Ковид-19.

Фијала, 57-годишен поранешен универзитетски професор, ја предводи коалицијата од пет партии кои опфаќаат широк политички спектар, од неговите фискално конзервативни Граѓански демократи до полибералната Пиратска партија која за првпат влегува во владата.

Новата влада на изборите во октомври обезбеди 108 места во Долниот дом со 200 пратеници, со што доби силно мнозинство.

Но, се соочува со жестока опозиција од партијата на премиерот во заминување, Андреј Бабиш, АНО, најголемата индивидуална група во парламентот и екстремно десничарската СПД.

Share
Scroll to Top