13 жени уапсени за навреда на Реџеп Таип Ердоган

пред 3 години

Турската полиција уапси 13 лица кои учествуваа во маршот на Денот на жената, за наводно навредување на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштуваат медиумите во оваа земја.

Илјадници демонстранти маршираа низ улиците на Истанбул во понеделникот за да го осудат насилството врз жените во Турција, каде минатата година беа убиени повеќе од 400 жени.

За разлика од претходните години кога полицијата разби слични демонстрации, маршот заврши мирно, пишуваат турските агенции.

Сепак, полицијата подоцна ги разгледа видеата од протестот и приведе 13 лица, вклучувајќи и малолетничка која учествувала на протестот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Беше објавено дека се уапсени за извикување „пароли“, но не беа дадени повеќе детали.

Локалните медиуми објавија дека лицата биле приведени за навреда на претседателот Ердоган.

Навредата на претседателот е кривично дело во Турција, и се казнува со затвор до четири години, известуваат локалните медиуми.

Share
Scroll to Top