Се огласи и Кремљ за средбата помеѓу Путин и Бајден

пред 2 години

Кремљ соопшти дека нема конкретни планови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега Џозеф Бајден за Украина, но дека покана или средба може да се договори во секое време.

„ Тензиите околу Украина растат, но дипломатските контакти се во тек“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Путин наскоро ќе се обрати пред рускиот комитет за безбедност, пренесе „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top