Поп -дивата Калиопи денес слави роденден. Пејачката полни 54 години и вели : „Ако ме прашате за годините, јас не се грижам бидејќи малата Опи живее во мене и ќе живее засекогаш. Среќен нека ми е роденденот“.
Таа објави неколку фотографии од детството. Освен фановите, роденеденот и го честитаа и Каролина Гочева и Индира Кастратовиќ. Калиопи вели дека е среќна што на овај начин и го разубавеле денот.
Поп-пејачката во петокот испрати и видео порака со која го честиташе католичниот Божиќ. Таа подолго време е во Србија. Годинава иако немаше настапи често се уклучуваше во живо на социјалните мрежи, разговараше, пееше и се дружеше со фановите.