„За 60 секунди бев доле“, вели Јелена Јованова по земјотресот што утрово ја погоди Хрватска

„За 60 секунди бев доле“, вели Јелена Јованова по земјотресот што утрово ја погоди Хрватска

пред 4 години

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер рано утрово ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 50 километри југоисточно од Загреб, на длабочина од два километри. Хрватските медиуми известуваат дека потресот е регистриран нешто пред 6:30 часот, а се почувствувал во цела Хрватска. Според пишувањата, уплашени граѓани истрчале на улиците. Во Загреб живее и македонската актерка Јелена Јованова. Таа вели дека е добро.

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор.  Минатиот пат ми требаа 180. Напредок.  Браво јас. Значи доста е. Доста. Ние, добро сме. Фала ви луѓе“, вели Јованова, која во март се соочи со иста ваква ситуација, кога Загреб го погоди силен земјотрес, а таа беше во поодмината бременнст со синот Јаков.

 

Share
Scroll to Top