Кралот Филип ѝ ги открил на кралицата Елизабета ѝ и кажал за сите неверства кои ги направил во времето додека биле во брак. Кралската двојка се во брак 73 години, а принцот пред да умре, сакал да ѝ се исповеда на кралицата и да и ги каже сите гревови кои ги направил во животот.
Американскиот магазин „Стар“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство, пишува дека принцот сакал пред да почине, да ѝ се исповеда на кралицата и дека на неодамнешната годишнина од брак, тој ѝ раскажал за сите негови љубовни авантури.

Една од најконтроверзните измами за кои медиумите пишуваа во минатото, е неговото неверството со 30 години помладата девојка Пени Рамзи. 67 годишната Пени, која е британска благородничка, поради блискиот однос со принцот Филип, била постојано мета на таблоидите.

За големиот број скандали на кралската двојка, пишува авторката Ингрид Севард во нејзината книга „Октриениот принц Филип“. Таа неодамна објави детали за инцидентот кој се случил за време на една од нивните турнеи во Австралија.

Во разговор за „Фокс њуз“, таа откри дека кралицата фрлила тениски рекет и чевли кон принцот Филип, додека ги следела филмска екипа.

Оваа славна девојка се повеќе од седум децении во брак и ги имаат четирите деца, 71 годишниот принц Чарлс, 70 годишната принцеза Ана, 60 годиниот принц Ендру и 56 годишниот Едвард.






