Екипата на Кил е новиот европски шампион во ракомет, откако во финалето ја победија Барселона со резултат 33-28. Ова е нивна четврата победа во Лигата на шампиони.
Барселона беше без пораз од септември 2019 година, па затоа многумина ги сметаа за фаворити во финале, но германскиот тим имаше одличен натпревар и ја диктираше играта од почеток до крај. Тренерот на екипата, Филип Јиха, истовремено, се запиша во ракометната историја како прв што станал европски првак и како играч и како тренер на ист тим.
Кил беа предводени од Никлас Ландин на голот, а освен него, најзаслужни за победата беа Екберг со осум и Сагосен со седум гола. Кај Барселона најефикасни беа Абелјо со десет и Мем со четири погодоци.
Ова е четврти трофеј од ЛШ за Кил по тие во 2007, 2010 и 2012 година. Барселона до сега има девет титули, а последниот пехар го освои во 2015 година.
Пред финалето, во натпреварот за трето место, Пари Сен-Жермен го победи Веспрем.
Вардар, кој беше шампион лани, не успеа да ја одбрани титулата. Заради пандемијата со Ковид-19, четирите учесници на Фајнал фор турнирот беа одредени така што играа двете најдобропласирани екипи во двете групи.