(Фото) „Зоки Ваксајн“ нова игрица за мобилен: Мало сутра вакцина ако изгубите живот

(Фото) „Зоки Ваксајн“ нова игрица за мобилен: Мало сутра вакцина ако изгубите живот

пред 3 години

Откако во Македонија стигна првата пратка со вакцини, донацијата од Србија, а други вакцини нема, од пред два дена „Зоки Ваксајн“ е новата игрица која може да се симне на PlayStore на мобилните телефони.

Игрицата се вика „Зоки Ваксајн“, а во описот стои: „Со помош на Зоки соберете што е можно повеќе вакцини“. Во игрицата главен лик е премиерот Зоран Заев. Како што ја допирате неговата глава, тој се движи по екранот и собира вакцини. Ако удрите во некоја од пречките поставени на патот до вакцините, губите живот, а гласот на Заев вели „Мало сутра“. Играта „Зоки Ваксајн“ на PlayStore e оценета со 4.9, од 272 луѓе што досега ја симнале.

Share
Scroll to Top