Овесна каша со бадеми - Reporter.mk

Овесна каша со бадеми – Reporter.mk

пред 2 години

Едноставна и многу вкусна овесна каша која ќе ве засити.

Состојки: (за 2 лица)

  • 4 dl млеко
  • 150 гр овесна каша
  • 2 лажици мед
  • 1 шака сечкани бадеми

Подготовка: Ставете го млекото да се загрее и додадете ги снегулките. Мешајте додека не зоврие и згусне, а потоа додадете ги сечканите бадеми. Извадете ја смесата од шпорет и по неколку минути додадете мед, па повторно промешајте. По желба може да се додаде суво грозје и други јаткасти плодови. Послужете ја кашата топла или ладна по желба.

Share
Scroll to Top