Инстаграм сега автоматски ќе го преведува текстот во Stories

Инстаграм сега автоматски ќе го преведува текстот во Stories

пред 3 години

Инстаграм  од 2016. година може да го преведува текстот во постовите и описите, а сега доби уште една слична можност.

Инстаграм  им понуди на корисниците опција за автоматски превод на текст, како дел од стори приказните. Секогаш кога ќе се детектира странски јазик во некоја објава, на корисникот ќе му биде прикажана опцијата See Translation во горниот лев агол на екранот. Корисниците можат да ја допрат опцијата, а потоа во дното ќе се прикаже преводот на испишаниот текст. Новата опција ќе биде достапна ширум светот, а засега поддржува повеќе од 90 јазици.

За потсетување Инстаграм од  2016 година нуди автоматски превод на коментари, описи, биографии и постови на корисници. Аудио-преводот засега не е достапен, но се очекува и оваа опција.

Share
Scroll to Top