Поранешната партнерка на Илон Маск го промени името на нејзината ќерка од Eксa Дарк Сајдириал во „прашалник“

Поранешната партнерка на Илон Маск го промени името на нејзината ќерка од Eксa Дарк Сајдириал во „прашалник“

пред 1 година

Грајмс, поранешната партнерка на Илон Маск, откри дека го променила името на својата ќерка што ја доби со милијардерот. Пејачката истакна дека девојчето повеќе не се вика Eксa Дарк Сајдириал, туку има ново име поедноставно, но исто толку чудно.

Оваа Канаѓанка напишала на Твитер дека нејзината 16-месечна ќерка сега се вика „Y“, односно „Вај“ или едноставно „Квешчанмарк“.

„Таа сега се вика така, но владата тоа не го признава“, напишала познатата 35-годишна жена на Твитер.

Грајмс објаснила дека името на детето означува љубопитност, вечен љубопитник и слично.

Лани, таа за „Венити Фер“ го појасни значењето на првото име на девојчето: „Eксa се однесува на компјутерскиот термин exaFLOPS. Дарк (Темно) значи непознатото. Луѓето се плашат од тоа, но всушност темнината е само отсуство на фотони. Темната материја е прекрасната мистерија на нашиот универзум. Сајдириал се однесува на вистинското време на универзумот, ѕвезденото време, длабоко простор-време, а не нашето релативно време на Земјата“.

Таа и Маск имаат и двегодишен син кој исто така има чудно име. Момчето се вика Икс.

Share
Scroll to Top