Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ќе биде специјален гостин на петте вечери на најпрестижниот музички фестивал во Италија, Сан Ремо, во март.
Водителот на фестивалот, Амадеус, потврди дека Ибрахимовиќ ќе има посебна улога секоја вечер од 2 до 6 март, а во тој период екипата на Милан нема натпревари. Која ќе биде улогата на популарниот фудбалер, засега не се открива.
Претходно, специјални гости на фестивалот биле и Роберто Баџо, Франческо Тоти, Антонио Касано, но и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.