Возилата на БРАКО ќе чистат луксузен ланец на хотели во Хрватска

Возилата на БРАКО ќе чистат луксузен ланец на хотели во Хрватска

пред 10 месеци

Луксузниот ланец хотели Solaris Beach Resort во Шибеник,  Хрватска, купи две возила од брендот Грин Машинс на БРАКО за одржување на хигиената во комплексот.

 Возилата на БРАКО се многу ценети и барани во Хрватска, велат одговорните лица од „Градатин“, дистрибутер на возилата за хрватскиот пазар.

 „Возилата Грин Машинс одлично се пласираат, исполнуваат високи стандарди, имаат сертификати од меѓународни сертификациони тела, лесни се за одржување, безбедни, со ергономски дизајн и со многу бенефити и за операторот и за средината. Едноставно имаме голема конкурентската предност “,- вели дистрибутерот за хрватскиот пазар.

 Со нула штетни емисии во воздухот, линијата возила на Грин Машинс се високо развиени технолошки решенија за чистење на урбани средини. 

 Грин Машинс на БРАКО од Велес се продаваат во повеќе од 50 земји ширум светот. Најголеми пазари се развиените европски земји, како што се Велика Британија, Германија, Холандија,Италија, Франција, Португалија, Шпанија, Белгија,Швајцарија. Се продаваат и во земјите од Блискиот и Далечниот Исток: Турција, Саудиска Арабија, Израел, Кувајт, Катар, Кина, Јапонија, Кореа, Виетнам, Индонезија, Тајван.

 Овие еколошки машини се продаваат и во САД преку претставништвото  на Грин Машинс во  Калифорнија.

 

Share
Scroll to Top