Франческо Тоти се разведува по 17 години брак и веќе има нова девојка

Франческо Тоти се разведува по 17 години брак и веќе има нова девојка

пред 2 години

Легендарниот италијанскиот фудбалер, Франческо Тоти, по 17 години брак се разведува од телевизиската водителка Илари Бласи. Славниот фудбалер наводно веќе има и нова девојка, Ноеми Бочи (33) со која е сликан на вечера во ресторан во Торино.

Според медиумите, тие на почетокот на февруари имале голема караница на семејниот излет во Кастел Гандолфо, по што Тоти го напуштил семејниот дом.

Гласините за разводот на Франческо и Илари почнаа лани во септември, по роденденската прослава на некогашниот фудбалер на Рома. Веднаш потоа двајцата ги тргнале и сите заеднички слики од социјалните мрежи.

Илари и Франческо се во брак од 2005 година и имаат три деца, Кристијан, Шанел и Изабел.

Share
Scroll to Top