Милан и ПСЖ во „трка“ по потписот на Заха

Милан и ПСЖ во „трка“ по потписот на Заха

пред 4 години

Кристал Палас, во зимскиот преоден рок, можат да останат без својот најдобра фудбалер, Вилфрид Заха.

Англиските медиуми објавија дека репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, има понуди од Италија и Франција. За Заха сериозен интерес покажале Милан и ПСЖ на чија клупа треба да седне Маурисио Покетино.

Милан наводно понудиле 55 милиони евра за крилниот напаѓач.

Од друга страна ПСЖ на Покетино ќе му додели буџет за засилувања. Покрај Заха, Аргентинецот, ќе се обиде да ги донесе Кристијан Ериксен од Интер и Деле Али од Тотенхем.

Share
Scroll to Top