Поранешниот фудбалски репрезентативец на Хрватска, Иван Класниќ, на суд ги победи германските доктори. Класниќ пред 13 години покренал тужби против долгогодишниот доктор на фудбалскиот клуб Вердер, Гец Димански и докторите по интерна медицина, Мања Гуха и Херман Холзитер, кој во меѓувреме починал.
Како компензација за погрешната дијагноза и несоодветно лекување, Класниќ ќе добие 4.000.000 евра.
Во 2005 година, Иван Класниќ, заминал на рутинска операција на слепото црево. Бидејќи во тој период бил професионален фудбалер, тој два пати бил прегледан од споменатите лекари. Тие не забележале дека фудбалерот има сериозен проблем.
Класниќ имал проблем со бубрезите.
Неправилноста во работата на бубрезите му била дијагностицирана во текот на операцијата на слепото црево. Било проценето дека дисфункцијата на бубрезите морало да биде откриена во 2002 година.
Поради тоа тој морал да стави крај на кариерата, а дури од трет пат успешно му била изведена трансплантацијата на бубрегот.
Иван Класниќ денес живее во Хамбург, а во фудбалот е присутен со својата менаџерска агенција. Тој во Германија и Хрватска скаутира талентирани фудбалери.
Класниќ бил играч на Вердер од 2001 до 2008 година, со клубот има титула во Бундес лигата и Купот на Германија. Во кариерата играл и за Мајнц, Болтон и Нант, за Хрватска од 2004 до 2011 година одиграл 41 натпревар.