Во Србија 3.236 новозаразени со коронавирус, 44 починати

пред 4 години

Според последните податоци во Србија се евидентирани 3.236 нови случаи, од 14.444 тестирани на коронавирус.

Починаа 44 лица, а 269 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Состојбата со епидемијата е нешто подобра, но сепак е вонредна состојба, велат епидемиолозите, и покрај фактот дека бројот на приеми во болница се намалува, а бројот на отпуштања се зголемува.

Владата на Србија ги потврди мерките на Кризниот штаб дека рестораните и кафулињата работат до 18 часот на 31 декември и 1 јануари, а продавниците за храна до 20 часот.

Денес во Србија пристигнаа 2.400 дози на руската вакцина „спутник“. Вакцинацијата се очекува во првите денови од новата година.

Share
Scroll to Top