Алегри, Тухел, Еспирито Санто, медиумите ги поврзуваат со клупата на Челси

Алегри, Тухел, Еспирито Санто, медиумите ги поврзуваат со клупата на Челси

пред 4 години

Неколкуте лоши резултати сериозно ги разнишаа позициите на Френк Лампард во Челси. Англиските медиуми тврдат дека доколку на 3.јануари, Челси не забележи победа во дербито против Манчестер сити, дека Лампард ќе добие отказ.

Според овие извори, во клубот, биле незадоволни што Лампард не успеал да ги разигра најскапите засилувања кои во клубот пристигнаа пред неколку месеци, Каи Хаверц и Тимо Вернер.

Доколку Лампард добие отказ, Челси неговиот наследник ќе го бара помеѓу три познати имиња, тоа се Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Нуно Еспирито Санто.

Најмалку веројатна опција е Португалецот, Нуно Еспирито Санто, кој е актуелен менаџер на Вулверхемптон.

Другите двајца се слободни тренери. Алегри зема плата во Јувентус, но не работи како тренер веќе 18 месеци, додека Тухел минатата недела доби отказ во ПСЖ.

Share
Scroll to Top