српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е регистрирана вакцината на „Синофарм“ против коронавирус и дека се надева дека во јануари ќе има четири вакцини во Србија.
„ Ние мора да ја нападнеме короната. Загубивме многу луѓе, тоа е голема цена што ја плативме”, рече тој.
Како што истакна, благодарение на борбата на лекарите, сепак „успеавме да се бориме подобро од некои други земји“.
„ Дадовме се од себе, и благодарение на работата на државата и лекарите во системот „ковид“, Србија е една од најуспешните земји во оваа борба“, рече Вучиќ.