Променливо облачно со најава за дожд

пред 4 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно во централните делови со повеќе сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и особено од југ ќе има нови врнежи од дожд, на планините од снег, а преку ноќта повремен снег ќе има во западните делови понекаде и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со повремен дожд. Потоа ќе е променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен југоисточен ветер. Од вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Share
Scroll to Top