Прво дерби во 2021-Лампард ќе ги замолчи критизерите или пробив на Сити кон врвот

Прво дерби во 2021-Лампард ќе ги замолчи критизерите или пробив на Сити кон врвот

пред 4 години

Прв дуел на екипите од „големата шестка“ во англиската Премиерлига ќе биде одигран денеска во 17.30 часот. На „Стемфорд Бриџ“ Челси ќе го пречека Манчестер Сити.

„Сините“ од Лондон имаа лош ефект во последниот месец од 2020 година, а Сити фати сериозен залет кон врвот на табелата во ПЛ.

Со 3 порази, победа и реми четата на Френк Лампард е на последните 5 меча.

Сити предводен од Пеп Гвардиола е во подем, „граѓаните“ немаат пораз на 10 меча во сите натпреварувања, а притоа на 8 меча мрежата на Едерсон е недопрена.

Кај Челси ќе недостасува само бекот Риса Џејмс, а се најавува враќање на Хаким Зијеш.

Кај Гвардиола Ковид 19 го диктира составот. Ќе недостасува Едерсон, а се очекува мечот да го почне Серхио Агуеро

За да забележат триумф, фудбалерите на Челси против Манестер Сити ќе мора да приредат најдобар меч од стартот на сезоната и на тој начин да се затворат устите на критизрите кои повторуваат дека Лампард летоска го освежи тимот со фудбалери вредни 250 милиони евра.

Share
Scroll to Top