Јуве со ултиматум за Дибала – потпис или во јуни оди си!

Јуве со ултиматум за Дибала – потпис или во јуни оди си!

пред 3 години

Италијанскиот шампион Јувентус е во тешка положба кога се работи за аргентинскиот ас, Пауло Дибала. Неговиот договор со „Старата дама“ истекува летото 2022 година па затоа клубот сака да ја продолжи соработката со фудбалерот.

Проблемот е во тоа што Дибала ја одолговлекува ситуацијата затоа што знае дека има интерес за него во период кога тој не е стандарден во првата постава на тренерот Пирло.

Моментно Аргентинецот заработува по 7 милиони евра по сезона. Јуве му нуди нов договор со 10 милиони по сезона со што би станал еден од најплатените во Серија А, но тој одбива да стави потпис.

Она што клубот од Торино може да го понуди е уште 2 милиони евра од бонуси и тоа е врвот.

Доколку Дибала и тоа го одбие, тогаш на крајот на сезоната ќе си оди од Јуве, во последната година од договорот.

Најчесто споменувани клубови за негова следна дестинација се Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Share
Scroll to Top