Сајнс со триумф на воведот на релито „Дакар 2021“

Сајнс со триумф на воведот на релито „Дакар 2021“

пред 4 години

Победник на првата етапа на релито „Дакар 2021“ е Карлос Сајнс со „Мини“.

Оние 623 километри што денеска се возеа од Џеда до Биша, во рамки на првата етапа, шпанскиот возач ја мина со време 3 часа, 5 минути и 56 секунди. Сајнс беше за 25 секунди побрз од Стефан Петерхансел кој заврши втор. Трет низ целта мина Мартин Прокоп на „Форд“.

Со денешната победа Сајнс е лидер во генералниот пласман со 8 секунди предност пред Петерхансел и 3 минути предност пред Чехот Прокоп.

Кај мотоциклисти триумфираше Тоби Прајс на „КТМ“. Втор денешната воведна етапа ја заврши Кевин Бенавидес на „Хонда“, а трет низ целта мина Матијас Волкнер (КТМ).

Годинешното издание на релито „Дакар 2021“ кое по вторпат се вози низ пустините на Саудиска Арабија, ќе трае од 3. до 15. јануари. Релито е со должина од околу 5.000 километри, а пријавени се над 300 екипи од целиот свет.

Share
Scroll to Top