Полскиот ски скокач Камил Штох победи на третата етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Инсбрук.
Штох до победата стигна со два одличн скока.
По првиот круг Штох беше првопласиран, а во вториот „прелета“ 130 метри доволно за вкупно 261,6 поени и прво место.
Втор во Инсбрук беше Словенецот Анже Ланишек со 249,6 поени и скок од 123,5 метри во втората серија, а на третата позиција се пласираше Давид Кубацки со 248,3 поени.
Моментно првопласиран во Генерален пласман е Данецот Халвор Гренеруд пред Карл Гајгер и Камил Штох.
Натпреварувањето ќе биде завршено со скоковите во Бишофсхофен на 6 овој месец.