Флик потврди дека го напушта Баерн

Флик потврди дека го напушта Баерн

пред 3 години

Фудбалерите на Баерн, со денешната победа во Волфсбург (2:3), направија голем чекор кон одбраната на шампионската титула. По мечот тренерот Ханс-Дитер Флик објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

„Би сакал да ја раскинам соработката по завршувањето на сезоната. Тоа е факт, ми беше важно јас ова да им го соопштам на играчите“, рекол Флик.

Тренерот кој минатата сезона, со Баерн ја освои Лигата на шампионите, не сакал да открие зошто донел ваква одлука. Се шпекулира дека Флик сака да ја преземе репрезентацијата на Германија.

Исто така, медиумите претпоставуваат, дека одлуката да замине од Баерн, ја донел и поради несогласувањата што ги има со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Ханс-Дитер Флик, стана тренер на Баерн во ноември 2019 година. На клупата, на славниот клуб, седна на местото на Нико Ковач.

Флик, досега го предводел Баерн на 81 натпревар, забележал 67 победи, само шест порази, а осум пати под палката на Флик, Баерн одиграл нерешено.

Share
Scroll to Top