Кинескиот милијардер и сопственик на „Алибаба“ исчезна откако ја критикуваше владата

пред 4 години

Кинескиот милијардер и основач на „Алибаба“, Џек Ма, не се појавува во јавноста повеќе од два месеци, па медиумите шпекулираат дека тој исчезнал.

Тој не се појави во последната епизода од сопственото шоу „Африкански деловни херои“, во кое беше еден од судиите. Него го замени извршниот директор на Алибаба, Луси Пенг, а неговата слика беше отстранета од веб-страницата, пренесува „Индекс“.

Портпаролот на „Алибаба“ изјави дека Ма не бил во жирито поради конфликт во распоредот, пишува „Фајненшл тајмс“.

Деловната империја на Мао, Ант груп, беше под лупа на Пекинг откако Ма одржа контроверзен говор во Шангај на 24 октомври, критикувајќи го кинескиот регулаторен систем за задушување на иновациите и споредувајќи ги глобалните банкарски правила со клуб на стари лица.

„Денешниот финансиски систем е наследство од индустриската ера. Треба да поставиме нов за следната генерација и за младите. Треба да го реформираме сегашниот систем”, рече Ма во својот говор.

Нешто повеќе од една недела подоцна, првата јавна понуда на Ант (проценета на рекордни 37 милијарди долари), која веќе доби зелено светло од надзорниот орган на Кина за хартии од вредност, беше суспендирана.

Кинеските власти започнаа антимонополска истрага против Алибаба кон крајот на декември и и порачаа на Ант груп да го преструктурира својот бизнис.

Последниот твит Ма го објави на 10 октомври минатата година.

Share
Scroll to Top