Актерката Зои Кравиц и нејзиниот колега Карл Глусман се разведуват по две години брак. Ѕвездата на „Hihg Fidelity“ поднела барање за развод уште на 23-ти декември, а нејзиниот претставник за медиумите сега и официјално потврди .
Зои и Карл беа во љубовна врска од 2016-та година, а се венчаа во домот на таткото на актерката, Лени Кравиц, во Париз на 29-ти јуни 2019-та година.
Иако информацијата за нивниот развод веќе е јавна, сепак причината не е позната за јавноста, пренесуваат странските медиуми.