Најдоброрангираниот сумо-борач, познат со името Хакухо, е заразен со коронавирус, соопштиле од јапонската сумо-асоцијација.
Во соопштението е наведено дека 35-годишниот моноглски борач го изгубил чувството за вкус по што бил тестиран и резултатите биле позитивни.
Не е прецизирано во каква состојба е најдобриот светски сумо-борач. Хакухо се подготвувал за голем новогодишен турнир, кој треба да почне следниот викенд во Токио.
Хакухо е јокозуна, голем шампион во сумо-борење и еден од најдобрите во историјата на Јапонија. Јапонија ја контролира пандемијата на коронавирусот подобро од повеќето земји иако во последниот месец дошло до пораст на бројот на заразени.
Од премиерот Јошихиде Суга било побарано да воведе вонредна состојба во Токио. Во Јапонија, како последица од коронавирусот, досега починале околу 3.500 луѓе.