АПОЕЛ му врачи отказ на Мекарти

АПОЕЛ му врачи отказ на Мекарти

пред 4 години

Ирецот Мик Мекарти повеќе не е тренер на АПОЕЛ. Поранешниот селектор на Република Ирска, на клупата на екипата од Кипар се задржа само шест натпревари.

Мекарти стана тренер на АПОЕЛ, во ноември минатата година, а отказ доби откако против Докса го забележа четвртиот пораз во низа.

АПОЕЛ никако да се врати на вистинскиот пат, Мекарти е 20 тренер кој доби отказ во изминатите седум години. Во 2013 клубот го напушти Србинот Иван Јовановиќ, кој претходно успеа да стигне и до четврт-финалето во Лигата на шампионите. Предводник на таа генерација на АПОЕЛ беше македонскиот репрезентативец Иван Тричковски.

Share
Scroll to Top