Фон дер Лаен: ЕУ купува дополнителни 300 милиони дози вакцина

пред 4 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави дека ЕУ ќе купи дополнителни 300 милиони дози вакцина од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, со што двојно го зголеми бројот на оваа вакцина наменета за ЕУ, но и за нејзините соседи.

Фон дер Лаен на прес-конференција во Брисел објави дека 75 милиони дози од оваа вакцина ќе бидат доставени до крајот на вториот квартал на 2021 година, а остатокот во втората половина на оваа година.

„Неодамна ја одобривме вакцината на Модерна. Со двете овластени вакцини, имаме доволно дози за 380 милиони граѓани, што е околу 80 проценти од населението“, рече фон дер Лаен.

Таа изјави дека ЕУ, со договори склучени со шест фармацевтски компании, во моментов има 2,3 милијарди дози нарачани вакцини и потенцираше дека тоа е доволно за ЕУ, но и за нејзините соседи.

„ќе бидеме безбедни само кога сите во ЕУ и соседството ќе имаат пристап до вакцини“, заклучи претседателката на Европската комисија.

Share
Scroll to Top