Нуркиќ со емотивно обраќање: Луѓето се однесуваат како да сум мртов

Нуркиќ со емотивно обраќање: Луѓето се однесуваат како да сум мртов

пред 4 години

Босанската НБА ѕвезда, Јусуф Нуркиќ имаше необична прес-конференција по победата на неговите Портланд над Минесота од 135:117, меч во кој имаше најдобар скор оваа сезона – 17 поени, 7 скока и одлична игра во одбраната.

По мечот, тој призна дека семејните проблеми придонеле за слабиот старт на сезоната, откако на крајот на минатата сезона ја загуби својата баба од КОВИД-19, а ги пропушти и подготовките за новата сезона, враќајќи се кај семејството во Босна и Херцеговина.

„Луѓето се однесуваат кон мене како да сум мртов. Не се грижам многу за тој однос, но сите сме луѓе и се соочуваме со работи кои се случуваат надвор од кошкарскиот терен и во нашите семејства. Сакам да помогнам на тимот, поминаа само пет-шест натпревари и работите ќе дојдат на свое место. Не заборавив да играм кошарка и го правам тоа што тренерот го бара од мене“, вели 26-годишниот центар.

Во негова одбрана застана најдобриот играч на Трејлблејзерс, Демијан Лилард.

„Знаев дека се случуваат работи со неговото семејство и тоа е најважно, многу поважно од кошарката. Мораме да бидеме тука за него“, изјави Лилард.

Share
Scroll to Top