Со Бејл како стартер, Реал само со поен на гостувањето кај Вилјареал

Со Бејл како стартер, Реал само со поен на гостувањето кај Вилјареал

пред 2 години

Реал Мадрид не успеа да стигне до победа на тешкото гостување на „Керамика“ кај Вилјареал, одигрувајќи само 0:0 за да останат лидери со само 4 поени предност пред „забревтаната“ Севилја.

Карло Анчелоти ги изненади сите со тоа што во стартниот тим го постави Велшанецот Герет Бејл во својот прв настап во Ла лига од 28 август, но „кралевите“ не успеаја да ја скршат цврстата одбрана на „подморницата“.

Во второто полувреме, Реал имаше повеќе од играта, но до гол не се стигна, а не помогна ниту влегувањето во игра на Лука Јовиќ и Лука Модриќ во последните 15-тина минути од мечот, иако Јовиќ во 89. минута имаше фантастична шанса за да ја погоди гредата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top