Лацио навредени од насловот: Баерн играат друг спорт во однос на Лацио

Лацио навредени од насловот: Баерн играат друг спорт во однос на Лацио

пред 3 години

Лацио и официјално реагираа откако весникот „Ил месаџеро“ објави приказна во која тврдеше дека фудбалерите на „аквиле“ се чувствувале инфериорни во мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, откако дома загубија со 1:4. „Тие играат друг спорт во однос на Лацио“, наводно велеле фудбалерите.

Лацио направи премногу грешки во првиот меч од осминафиналето во Рим, и според „Ил месаџеро“ фудбалерите признале дека разликата со Баерн е огромна и дека на полувреме се пожалиле дека Баварците „ги јадат на терен“.

Лацио тврди дека ова не е вистина, туку е само желба да се воведе раздор во тимот и меѓу навивачите.

„Лацио играа против актуелните светски шампиони и работите не одеа како што треба. Сите видоа што се случи на теренот. Но, такви фрази како во денешните весници не ја претставуваат мислата на нашите фудбалери, туку обратно, се работи за обична експлоатација од истите центри кои сакаат да го растурат тмот, клубот и навивачите“, велат од Лацио.

Share
Scroll to Top