Симеоне: Секое утро можам да добијам отказ

Симеоне: Секое утро можам да добијам отказ

пред 3 години

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне признава дека никогаш не е сигурен дали следното утро ќе има работа, по шокантното испаѓање од купот.

Аргентинската фудбалска легенда седна на клупата на „рохибланкос“ во 2011 година и ќе прослави деценија на позицијата доколку остане тренер до 23 декември. Во тој период, тој донесе две финалиња на Лигата на шампионите, една титула од Ла лига и во моментов се на првото место на табелата со два натпревари помалку. Затоа, поразот од Корнелја во Копа дел Реј е уште пошокантен.

„Тешко е да се објаснат чувствата, нормално е секој поинаку да ги толкува работите. Но, јас секогаш сум искрен и го кажувам тоа што го мислам. Секогаш мислам дека утре ќе останам без работа. Затоа одам натпревар по натпревар, а вие протолкувајте го тоа како сакате. Јас сум презадоволен во Атлетико Мадрид, и по транзициска година имаме добра сезона во тешка лига како што е шпанската“, вели Чоло.

Share
Scroll to Top