Важна победа и „златни“ 3 бода за екипата каде важна алка е македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев – калчолигашот Џенова. Предмалку екипата од југот на Италија славеше тримф од 2-0 против тимот на Болоња, предводен од Синиша Михајловиќ
Зајц во 44 минута и Дестро во 55 минута ја донесоа победата за Џенова со што тимот се искачи неколку позиција на табелата и по подолго време ја напушти зоната на испаѓање – последните 3 позиции на табелата.
Горан Пандев не беше во составот на Џенова поради повреда на мускулот.
Болоња пак која не знае за победа на последните 8 меча се симна до 12-тата позиција на табелата.