Бајден прими втора доза вакцина против коронавирус

пред 4 години

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден пред камери ја прими втората доза вакцина против коронавирус од производителот Фајзер-Бионтек.

„Мојот прв приоритет е да ја примат вакцината што е можно повеќе луѓе“, рече идниот демократски претседател.

Првата доза на вакцината Бајден ја прими на 21 декември, исто така пред камери, а потоа ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот.

Повеќе од 374.000 луѓе починаа од коронавирус во САД.

Share
Scroll to Top