Песков: Можен е разговор меѓу Владимир Путин и Џозеф Бајден на 7 декември

пред 2 години

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека датумот на разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден се уште не е договорен и дека се разгледуваат различни опции, вклучително и 7 декември.

„Точниот датум се уште не е договорен, преговорите се уште се во тек. Станува збор за видео конференција. Може да биде следната недела, повторувам датумот не е договорен“, рече Песков, пренесува Риа Новости.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска потврди дека била одржана средба меѓу српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и рускиот претседател Владимир Путин и дека разговорите биле многу корисни.

Share
Scroll to Top