Во Македонија 477 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

пред 4 години

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 477 нови случаи на коронавирус, од 2.452 тестирања. Оздравеле 331 пациент, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје се потврдени 221 случај, во Куманово-27, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од: Скопје-126, Куманово-23, Дебар-8, Штип-1, Прилеп-21, Тетово-14, Струга-18, Велес-9, Битола-15, Охрид-21, Кавадарци-16, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-7, Крива Паланка-14, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-2, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-3, Неготино-9.

Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.

Досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид -19.

Share
Scroll to Top