Поранешен олимписки шампион меѓу протестантите во Капитол!

Поранешен олимписки шампион меѓу протестантите во Капитол!

пред 4 години

Клит Келер, двократен олимписки шампон во пливање, бил меѓу протестантите кои минатата недела влегоа во американскиот Капитол, покажува последното видео во кое се гледа 38-годишниот Келер.

Тој беше дел од американскиот пливачки тим на Олимпијадите во 2000, 2004 и 2008 година, предводејќи ја штафетата 4х200 метри, а во 2004 во Атина славно го совлада Јан Торп од Австралија за златен медал.

Американската пливачка федерација не можеше да потврди дали се работи за Келер на видеото, иако повеќе негови поранешни колеги го препознаа.

„Го почитуваме правото на луѓето мирно да протестираат, но не ги поддржуваме активностите кои се случија во Капитол“, вели портпаролот на федерацијата.

Келер, во меѓувреме ги избриша сите профили на социјалните мрежи, а според „ЕСПН“, тој живее и работи како агент за недвижнини во Колорадо Спрингс.

Share
Scroll to Top