Суарез доминираше во Кадиз, Атлетико чекор поблизу до титулата

Суарез доминираше во Кадиз, Атлетико чекор поблизу до титулата

пред 3 години

Поранешниот голгетер на Барселона, Луис Суарез кој сега го носи „црвено-белиот“ дрес на Атлетико Мадрид беше повторно човекот на одлука во тимот на Чоло Симеоне. Голеадата во Кадиз им припадна на гостите од Мадрид, Атлетико славеше триумф со 4-2.

Уругваецот го отвори резултатот со гол од слободен удар во 28 минута. Прецизно стрелаше Суарез покрај левата статива.
Само 7 минути подоцна Негредо носи израмнување, 1-1.

Саул го однесе Атлетико на полувреме со 2-1 благодарение на погодокот во 44 минута.

Повторно на сцена стапува Суарез, овојпат од пенал во 50 минута откако предходно по едно играње со рака во шеснаесетникот на Облак, на Коке, судијата не се реши да досуди пенал за Кадиз. Тоа не му пречеше на Суарез да погоди за 1-3.

Повторно Негредо се погрижи за неизвесност, овојпат на 2-3 во 71. минута.

Но „машината“ на Симеоне не застана, па до крајот со голот на Коке беа постигнати конечните 2-4 во 88 минута.
Со денешниот триумф Атлетико се одлепи на +10 од второпласираниот Реал Мадрид, а „јорганџиите“ имаат и меч повеќе за играње од „Кралевите“.

Доколку вечерва Барселона слави дома со Атлетик Билбао и таа ќе дојде на -10 од лидерот на табелата во Ла Лига.

Share
Scroll to Top